Порто вечерва на магичен начин успеа да се издигне од девет гола разлика и на крајот да дојде до победа. Тимот за кого настапува македонскиот репрезентативец, Никола Митревски на почетокот на второто полувреме имаше минус 21-12, но успеа да го фати во мрежа младиот тим на Целје.
Во кам-бекот на Порто, секако главна улога имаше нашиот Никола Митревски, влезе во клучниот момент, на крајот запиша четири одбрани, секоја од нив во вистински момент.
А партија на Митревски убаво ја опишаа во ЕХФ.
„Кам-бекот има име – Никола Митревски“.
The comeback has a name and its name is Nikola Mitrevski 🔥 #ehfcl | #clm | #Daretorise | @FCPorto pic.twitter.com/elax5Eteia
— EHF Champions League (@ehfcl) September 20, 2023