Јирген Клоп останува верен на Ливерпули покрај неодамнешните шпекулации дека тој е најпосакуваниот кандидат за нов селектор во неговата родна Германија. Клоп брзо ја потврди својата посветеност на Ливерпул со договор со „црвените“ од „Енфилд“ кој ќе биде со важност до 2026 година. Откако беше назначен во 2015 година, шефот на „црвените“ ја освои Премиер лигата, Лигата на шампионите, ФА Купот, Лига Купот, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.
И покрај некои проблеми минатата сезона, тој сега се зафати со задача да го обнови тимот, кој има ветувачки почеток на новата сезона и е непоразен во првите 5 натпревари, победувајќи на четири средби и ремизирајќи единствено со Челзи.
„Тука го градиме Ливерпул 2.0, сакаме повторно да напаѓаме, а не само да видиме уште колку ќе продолжиме заедно. Јас сум верен на Ливерпул. Моето срце е тука во Ливерпул. Не можете само да ги прекинете осумте години. Потпишав договор овде и, колку што се сеќавам, не бев дрогиран или врзан и не морав да потпишам со мојата уста“, изјави Клоп за германската телевизија RTL.