Кога тимот ќе создаде десетина зицер ситуации, и кога во мечот ќе упати преку дваесет удари кон противничкиот гол не може да се биде незадоволен. Но во исто време не може и да се биде задоволен, ако сите тие шанси и удари, не бидат преточени барем во еден гол, со кој што ќе се освојат бодовите.
Во таква ситуација синоќа беше тимот на Милан кој на доамашен терен одигра само 0:0 против Њукасл во рамките од првото коло од Лигата на Шампионите.
„Лесно е да се процени што сме одиграле на овој меч со оглед на шасните и ударите. Задоволен сум од тимот, го направивме она што го зацртавме и создадовме многу шанси. Не се снајдовме да ги претвориме пред противничкиот гол, што е штета. Одигравме подобро против силен противник. За жал, кога ви недостасува одлучност, ризикувате да забележите лош резултат, дури и кога играте добро“, изјави Стефано Пиоли, тренерот на Милан по мечот.