УЕФА ја казни Романија за „Косово е Србија“

351

Во УЕФА веќе е донесена одлука за транспарентот „Косово е Србија“ кој се појави на дуелот меѓу Романија и Косово во рамките на евроквалификациите. Романската фудбалската репрезентација следниот меч против Андора на домашен терен ќе го игра пред празни трибини. Оваа информација ја пренесоа тамошните медиуми, а се чека и официјална потврда од УЕФА.

За потсетување, натпреварот помеѓу Романија и Косово во групата И од квалификациите за ЕП 2024 беше прекинат во 22. минута при резултат 0:0, а потоа продолжи околу 45 минути подоцна.

Романските навивачи кренаа транспарент на кој пишуваше „Косово е Србија“ и тоа беше причината за прекин во Букурешт. Исто така, локалните навивачи извикуваа политички пораки, извикуваа „Србија, Србија“, фрлаа ракети и бакљи други пиротехнички средства.

Фудбалерите на Романија ги молеја локалните навивачи да го тргнат транспарентот, но тие не го послушаа, па мораше да интервенира полицијата. Двете репрезентации заминаа во соблекувалните, а подоцна Романија победи со 2:0.

ПретходноИнтерпол уапси 23 лица од Бугарија и Романија кои местеле натпревари и „празнеле“ обложувалници
СледноКуп – 1/16 финале: Вардар преку пенал – рулетот до триумф над Беса, Воска броеше до 10, Шкупи и Брегалница до 8…