Кошаркарите на Студентски центар го освоија трофејот од Суперкупот на АБА лигата откако во финалето одиграно во Подгорица го победија Партизан со 83:81. Првиот трофеј за „студентите“ го донесе Борна Капуста со тројка на четири секунди до крајот на мечот, а претходно тимот на Андреа Жакељ влезе во серија од 10:0 и ја стопи предноста на Партизан кој беше на чекор до победата.
Во тимот од Подгорица најефикасен беше Обри Докинс со 18 поени, а Кенан Камењаш постигна 14, додека кај Партизан Кевин Пантер постигна 23 поени.
Borna Kapusta hits the CLUTCH 3-POINTER to WIN the 2023 #ABASuperCup for @kkscderby! 🔥🔥🔥 pic.twitter.com/8j3P1x58LO
— AdmiralBet ABA League (@ABA_League) September 20, 2023