Аргентинецот ја обнови старата повреда: Интер Мајами победи, но го загуби Меси

359

Новата ѕвезда во американскиот фудбал, Лионел Меси се повреди на синоќешниот меч со Торонто кој Интер Мајани го доби со високи 4:0.

36-годишниот аргентински напаѓач стартуваше за Интер Мајами, но беше заменет во 37. минута при резултат 0-0.

Непосредно пред замената, Меси ги стави рацете на колена и престана да се движи. Потоа му ја предаде капитенската лента на дефанзивецот ДеАндре Једлин и го напушти теренот. Повреда заработи и  Жорди Алба, кој исто така беше заменет во првото полувреме.

Тренерот на Интер Мајами, Херардо Мартинопо мечот изјави дека пред да зборуваат за тежината на повредите на Меси и Алба, треба да се почекаат лекарските извештаи.

„Треба да го почекаме медицинскиот извештај, да дознаеме што се случува. Ќе ја следиме нивната состојба и ќе размислиме за тоа како ќе постапиме во иднина. Секако дека нема да играат во недела против Орландо Сити“, изјави Мартино.

ПретходноШто се случува во Олимпик Марсеј? Тренерот си замина, фановите делат смртни закани
СледноОнана самокритичен: Ова беше еден од најлошите натпревари во мојата кариера