Екипата на Интер синоќа и покрај фаворитската улога синоќа на гостувањето кај Реал Сосиедад едвај се спаси од пораз. Губеше со 1:0 до 87.минута кога Лаутаро Мартинез на асистенција на Фратези погоди за израмнување и освоен бод.
„Очекував натпреварот да биде тежок, и беше. Против себе имавме силен противник. Моравме да работиме напорно за да избегнеме пораз. Израмнивме, па дури и сакавме да победиме. Тоа беше само прв натпревар во групата. Уште по ждрепката реков дека Реал Сосиедад е квалитетен тим“, изјави Инзаги.