Новата ѕвезда во американскиот фудбал, Лионел Меси се повреди на синоќешниот меч со Торонто кој Интер Мајани го доби со високи 4:0.
36-годишниот аргентински напаѓач стартуваше за Интер Мајами, но беше заменет во 37. минута при резултат 0-0.
Непосредно пред замената, Меси ги стави рацете на колена и престана да се движи. Потоа му ја предаде капитенската лента на дефанзивецот ДеАндре Једлин и го напушти теренот. Повреда заработи и Жорди Алба, кој исто така беше заменет во првото полувреме.
Тренерот на Интер Мајами, Херардо Мартинопо мечот изјави дека пред да зборуваат за тежината на повредите на Меси и Алба, треба да се почекаат лекарските извештаи.
„Треба да го почекаме медицинскиот извештај, да дознаеме што се случува. Ќе ја следиме нивната состојба и ќе размислиме за тоа како ќе постапиме во иднина. Секако дека нема да играат во недела против Орландо Сити“, изјави Мартино.