Ајакс и Марсеј одиграа супер меч со шест гола, ТСЦ за малку ќе го изненадеше Вест Хем

136

Уште осум натпревари се одиграа од 1 коло во Лига Европа, а најинтересно беше во Амстердам каде што домашниот Ајакс и француски Марсеј одиграа 3:3. Ајакс поведе со 2:0 по 20 минути игра со голови на Форбс и Бергуис, а Марсеј од 23 до 38 минута го изедначи резултатот преку Клаус и Обамејанг.
Во 52 минута Тејлор повторно го доведе Ајакс во предност, но во 78 минута Обамејанг изедначи.
А српскиот вицешампион ТСЦ Бачка Топола за малку ќе го изненадеше шампионот на Лигата на конференции, Вест Хем и тоа во Лондон. ТСЦ поведе со голот на Станиќ во 48 минута, но во 66 минута Петровиќ со автогол го изедначи резулатот. Во продолжение Кудус и Соучек ја обезбедија победата на „чеканите“ со 3:1. Кај ТСЦ на клупата остана македонскиот напаѓач Мартин Мирчевски.

FOTO> UEFA.com

РЕЗУЛТАТИ
АЈАКС – МАРСЕЈ 3:3
АТАЛАНТА – РАКОВ 2:0
БРАЈТОН – АЕК АТИНА 2:3
ОЛИМПИЈАКОС – ФРАЈБУРГ 2:3
РЕНЏЕРС – БЕТИС 1:0
СПАРТА – АРИС 3:2
ШТУРМ – СПОРТИНГ 1:2
ВЕСТ ХЕМ – ТСЦ 3:1

ПретходноЛК: Динамо без Македонците убедлив против Астана
СледноМарија Шарапова се враќа на тенисот?