Голманот на Брегалница Мартин Давков: Во Кавадарци одиме по трите бода!

221

Во недела во Кавадарци се игра “Дербито на Истокот“, се среќаваат Тиквеш и Брегалница. Ова е меч за полни трибини, за уште еден спектакл во Кавадарци. Познато е дека кога играат овие две екипи секогаш има фудбалска тензија, се бара победа по секоја цена, а тука се и двете навивачки групи “Лозари“ и “Фалангата“.

Голманот на “сините“ Мартин Давков,кој пред неколку месеци дојде токму од Тиквеш, за неделното дерби истакнува:

„Во Кавадарци ќе дадеме се од себе. Сакаме да ги потврдиме нашите квалитети. И двете екипи негуваат брз и динамилен фудбал, така да ќе биде убав за гледање. Се надевам дека ќе има и многу публика,тука се двете навивчки групи, “Лозари“ и “Фалангата“, фудбалот се игра за публиката. Ние како и секогаш и секаде, така и сега во Кавадарци одиме по трите бода. Очекувам со извршување на поставените задачи од страна нашиот тренер Горан Здравков ќе дојдеме до посакуваната цел, а таа е победа и три бода“ посочи Давков.

ПретходноМеси гневен на ПСЖ: Јас сум единствениот Аргентинец кој од својот клуб не доби признание после СП!
СледноЛудило: “Пламнаа“ 11.089 сезонски билети за КК Партизан, а продажбата уште не е започната!