Еуфорија во Мостар – Зрињски од 0:3 на полувреме стигна до победа со 4:3, Mиовски и Абердин поразени во Франкфурт

284

Маестрален меч во Мостар зачинет со седум голови. Зрињски во дебито во групите на едно европско натпреварување забележа победа над АЗ Алкмар со 4:3. Тоа беше магичен пресврт на мостарци затоа што на полувреме АЗ водеше со 3:0, а во вториот дел Зрињски сврте и победи со 4:3.
Гостите од Холандија како да не знаеја каде се наоѓаат во вториот дел. Домашните ги стиснаа и ја наполнија нивната мрежа. Од 48. па до 81. минута им дадоа четири гола вредни магичен пресврт и победа.

И во Варшава се одигра интересен меч помеѓу домашната Легија и англискиот Астон Вила во рамките на Лигата на конференции. Легија победи со 3:2. Во првото полувреме Легија два пати поведуваше, а гостите изедначуваа. Уште во 3.минута отвори Вшолек, а три минути подоцна изедначи Дуран.
Во 26 минута погоди албанскиот напаѓач Ернест Муци, а изедначи Лука Дињ во 39 минута. Во 51 минута повторно Муци го најде патот до мрежата и тоа беше конечниот резултат и бодови на стартот за полскиот тим.

Спартак Трнава за кој не играше Милан Ристовски доживеа дебакл на гостувањето кај Лудогорец. Словаците беа поразени со 4:0.

А Бојан Миовски играше за Абердин до 56 минута на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт. Германците победија со 2:1.

Ајнтрахт – Абердин       2:1
Фенербахче – Нордсјеланд   3:1
Ференцварош – Чукарички    3:1
Генк – Фиорентина              2:2
Хелсинки – ПАОК                2:3
Лудогорец – Спартак Трнава   4:0

ФОТО: FB/Zrinjski

ПретходноПик Сегед и ППД Загреб во друштво на Пелистер во ЛШ
СледноЛЕ: Ливерпул со пресврт славеше во Линц, Виљареал „заринка“ во Атина