КК Пелистер од денеска е посилен за Ренди Брамант, кошаркар од САД кој досега играл за ЧСМ Таргу од Романија. Неговиот договор со битолчани е во траење од една година.Брамант игра на центарската позиција, а може да игра и на “четворка“.
Во меѓувреме од клубот си замина Ламар Норман џуниор, кој дојде во Битола пред стартот на подготовките,но не ги оправдал очекувањата и затоа дошло до разделба.