ЛЕ: Ливерпул почнува како прв фаворит, Ајакс и Олимпик (М) во дуел на екс-шампионите

64

Попладнево започна и групната фаза на вториот по ранг европски клупски турнир – Лигата на Европа. Натпреварување во чии рамки ќе бидеме преставени од двајца наши интернационалци, кои со своите клубови ќе се обидат да направат некое изненадување плус.

Мартин Мирчевски со српска Бачка Топола вечерва сезоната во Лигата на Европа ја почнуваат со гостување кај англиски Вест Хем, додека шведски Хакен на Филип Трпчевски, кој е повреден, оди на гостување кај Баер во Леверкузен.

Оваа година голем фаворит во Лигата на Европа е англиски Ливерпул, кој првпат ќе игра на турнирот по сезоната 2015/2016. „Црвените“ вчерва стартуваат со гостински меч во Австрија против екипата на ЛАСК. Во другиот натпревар во групата, белгиски Унион Сент Жилоа ќе игра против победникот на Купот на Франција, Тулуз.

Во фокусот на вечерта ќе бидат уште неколку дуели. Во т.н. „група на смртта“ во ова натпреварување, групата „Б“ денеска два екс-европски шампиони ќе се сретнат во меѓусебна пресметка, Ајакс и Олимпик Марсеј, а вториот меч ќе донесе дуел меѓу дебитантот на турнирот, англиски Брајтон и грчки АЕК.

Минатогодишните финалисти Рома во потера по ново финале почнуваат со молдавски Шериф.

ЛИГА НА ЕВРОПА – 1 КОЛО

Група „А“:

21:00 часот | Олимпијакос – Фрајбург

21:00 часот | Вест Хем – ТСЦ Бачка Топола

Група „Б“:

21:00 часот | Ајакс – Олимпик Марсеј

21:00 часот | Брајтон – АЕК Атина

Група „Ц“:

21:00 часот | Ренџерс – Реал Бетис

21:00 часот | Спарта Прага – Арис Лимасол

Група „Д“:

21:00 часот | Аталанта – Раков Честохова

21:00 часот | Штурм – Спортинг Лисабон

Група „Е“:

18:45 | ЛАСК – Ливерпул

18:45 | Унион Сент Жилоа – Тулуз

Група „Ф“:

18:45 | Панатинаикос – Виљареал

18:45 | Рен – Макаби Хаифа

Група „Г“:

18:45 | Сервет – Славија Прага

18:45 | Шериф Тираспол – Рома

Група „Х“:

18:45 | Баер Леверкузен – Хакен

18:45 | Карабах – Молде

ПретходноЧелзи доби нова „инјекција“ од 500 милиони долари, но нема да ги трошат за засилувања
СледноАнчелоти: Во Реал сите мора да имаат шампионски менталитет