Ливерпул во Реал ја најде замената за Салах, идеја на Клоп вредна 100 милиони евра!

720

И повеќе од сигурно е дека Ливерпул во зимскиот преоден рок ќе добие многу пари, но ќе го загуби Мохамед Салах. Трансферот вреден 250 милиони евра на “фараонот“ во С. Арабија е повеќе од извесен.

Тоа значи дека “редси“ ќе мора да си бараат нов напаѓач.

И според медиумите на Островот, Јирген Клоп има интересна идеја. А тоа е да го доведе Родриго (22) од Реал Мадрид и за него да плати неверојатни 100 милиони евра.

Бразилецот во Реал одиграл 171 меч а постигнал 38 голови, додека за репрезентацијата на 16 средби во четири наврати се запишал во листата на стрелците.

ПретходноОфицијално: Македонија без Зајков до крајот на квалификациите!
СледноИ во САД има хулигани: Тепачка на трибините на НФЛ меч, која заврши трагично!(ВИДЕО)