Лилард одби да биде трејдуван во Голден Стејт

252

Кошаркарот на Портланд, Демијан Лилард изјави дека не сака да биде разменет во Голден Стејт, пренесуваат американските медиуми.

Пред неколку месеци Лилард побара да биде трејдуван во друг НБА клуб, но досега нема договор меѓу неговиот тим и неколкуте заинтересирани екипи.

„Го почитувам она што Голден Стејт го прави осум или девет години. Мојот дом е таму, но не можам да бидам дел од тој тим. Тие освоија четири титули и што треба да кажам сега: „Одам на мојот роден тим?’ Не, не сакам“, изјави Лилард.

Лилард (33) е член на Портланд од 2012 година. Седумпати учествуваше во НБА Ол-стар натпреварот, а за тимот на Портланд во НБА одигра 831 натпревар.

ПретходноТанески е нов селектор на кадетската репрезентација
СледноЧелзи доби нова „инјекција“ од 500 милиони долари, но нема да ги трошат за засилувања