Динамо Загреб со победа над Астана со 5:1 ги почна настапите во групната фаза на Лигата на конференции. За хрватскиот шампион не играа македонските интернационалци Стефан Ристовски и Аријан Адеми, но тоа не му пречеше да забележи победа.
Два гола постигна Бруно Петковиќ, а по еден Булат, Марин и Халиловиќ.
Косовски Балкани загуби на гостувањето кај Викторија Плзен со 1:0, а со пораз дебитираше и Класквик од Фарски Острови. Тие беа поразени со 2:1 од Слован во Братислава.
РЕЗУЛТАТИ
БРИЖ – БЕШИКТАШ 1:1
ДИНАМО З. – АСТАНА 5:1
ЛУГАНО – БОДО/ГЛИМТ 0:0
МАКАБИ Т.А. – БРЕДАБЛИК 3:2
СЛОВАН – КЛАСКВИК 2:1
ПЛЗЕН – БАЛКАНИ 1:0
ЗОРЈА – ГЕНТ 1:1