Македонија две места подобра на ФИФА ранг листата

108

По ремито со Италија во Скопје и победата над Малта на гостински терен во рамките од тековните квалификации за ЕП 2024 година во Германија, фудбалската репрезентација на Македонија и официјално напредуваше две места на најновата ФИФА ранг листа.

Го напуштвиме 68. место и сега сме 66. помеѓу репрезентациите на Јужна Африка односно Исланд.

Од друга страна пак, останатите репрезентации од нашата група како на пример Англија е четврта, Италија е деветта, Украина, нашиот следен противник е 24. додека Малта е на 171 место.

 

ПретходноАнчелоти: Во Реал сите мора да имаат шампионски менталитет
СледноПочина доајенот на македонското спортско новинарство Александар Стиков