Лео Меси веќе неколку месеци не е во Европа, не е во ПСЖ. Иако и двете страни тоа вешто го криеја,сепак се чини дека разделбата и не била баш така пријателска. Посебно не по најновите зборови на Лео, кој сега игра за Интер Мајами на Флорида, со кои тој не крие дека е гневен на клубот од Париз.
“Јас сум единствен фудбалер на Аргентина кој од својот клуб не доби признание по освојувањето на титулата на СП во Катар во споедба со сите 25 фудбалери кои беа дел од таа селекција“посочи Лео.
Инаку познато е дека само тој од сите останати не доби “шпалир“ од својот тим во чест на титулата на СП.
Веројатно поради фактот дека во финалето Меси ја победи Франција.