Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана по вчерашниот пораз кај Баерн (М) го нарече натпреварот еден од најлошите во неговата кариера.
Англискиот клуб загуби соро 4:3, а во 28. минута од натпреварот, Лерој Сане упати удар надвор од шеснаесетникот кон голот на Онана, кој се обиде да ја запре топката, но таа полета низ неговите раце и заврши во мрежата за водство на домашните.
„Не е едноставно. Одлично го започнавме натпреварот. Но, по мојата грешка изгубивме контрола врз играта. Ова е тешка ситуација за нас и за мене. Поради оваа грешка, тимот мораше да го врати промашениот гол. Треба да учам од ова и да станам посилен. Ми се допадна како се врати тимот на овој натпревар. Имам многу да покажам. Мојот почеток во Манчестер Јунајтед не беше толку добар како што сакав. Ова беше еден од моите најлоши натпревари. Но, ние и натаму имаме големи амбиции“, изјави Камерунецот.