Иако се надевавме дека паузата нема да биде толку голема,дека селекторот Благоја Милевски ќе може да смета на својот дефанзивец барем на средбите со Италија и Англија во квалификацискиот ноемвриски циклус, сепак не е така. За Ѓоко Зајков заврши есенската полусезона, и тој покрај операцијата на вратните пршлени, повреда заработена на последниот меч со Малта, ќе мора да паузира два месеци. Оваа вест вчера ја потврдија од неговиот клуб Универзитатеа Крајова, и секако искажаа на своите социјални мрежи истакнаа дека клубот му посакува на Македонецот што побрзо да се врати на терените.