Откако и дефинитивно сега е јасно дека Флорентино Перез го чека Килијан Мбапе во јуни и тоа без да плати отштета,медиумите во Шпанија денеска “лиферуваа“ интересна вест. Имено првиот човек на “кралевите“ има намера, покрај Мбапе, на лето да се засили со уште еден екстра напаѓач и тоа со ѕвездата на Манчестер Сити, а тоа е Фил Фоден. Џад Белингам блеска на стартот на сезоната во дресот на Реал Мадрид, па затоа Перез сака да ангажира уште еден репрезентативец на Англија.
За ова да го оствари тој веќе подготвил 110 милиони евра и се подготвува за старт на преговорите со европскиот шампион. Секако дека допрва се очекува што ќе каже Пеп Гвардиола.