Пик Сегед и ППД Загреб во друштво на Пелистер во ЛШ

180

Во групата А веќе е комплетирано второто коло во Лигата на шампиони, засега без победа се Пик Сегед, ППД Загреб и Пелистер. По една победа имаат Колстад и Кјелце, додека пак Алборг, Кил и ПСЖ се на врвот без грешка.

По поразот во минатото коло од Алборг, Кјелце дојде до првите бодови во новата сезона. На гостувањето кај Колстад, полскиот состав славеше во неизвесна завршница со 30-32. Гостите по првото полувреме имаа комотна предност од шест гола (11-17), но пад во вториот дел за малку ќе ги чинеше пораз.

Во Во истата група А во која се наоѓа и Пелистер, Кил дојде до втората победа. Бундес-лигашот на домашен терен славеше против Пик Сегед со 35-32. Кил е токму следниот противник на Пелистер во Лигата на шампионите, во Битола доаѓа по целиот плен за задржување на перфектниот учинок.

ПСЖ и ППД Загреб влегоа во друштвото на дуели со над 60 голови. Славеше францускиот тим предводен од Раул Гонзалес со 35.31. И за ПСЖ ова беше втор триумф во новата сезона.

ФОТО: ЕХФ/ТВИТЕР

ПретходноИ во САД има хулигани: Тепачка на трибините на НФЛ меч, која заврши трагично!(ВИДЕО)
СледноЕуфорија во Мостар – Зрињски од 0:3 на полувреме стигна до победа со 4:3, Mиовски и Абердин поразени во Франкфурт