Ерик тен Хаг е првиот тренер на Манчестер Јунајтед од 2019 година кој загубил три натпревари по ред.
Манчестер Јунајтед загуби од Баерн (4:3) во натпреварот од групната фаза од Лигата на шампионите синоќа и го продолжи негативниот тренд на „црвените ѓаволи“.
Холандскиот стручњак стана првиот тренер на Јунајтед по 2019 година кој загубил три натпревари по ред во сите натпреварувања. Слична серија во Манчестер Јунајтед имаше Оле Гунар Солскјер во април 2019 година. Тогаш Манчестер Јунајтед загуби од Барселона (0:3), Евертон (0:4) и Манчестер Сити (0:2).