Екипата на Манчестер Јунајтед синоќа доживеа пораз на гостувањето кај Баерн Минхен во рамките од првото коло во Лигата на Шампионите. Конечните 4:3 може секој различно да ги гледа, но факт е дека домаќините реално заслужија да победат.
„Разочарувањето нормално во моментов, бидејќи не бевме доволно внимателни во добрана. Кога ќе постигнеш три гола против Баерн , треба да освоиш барем бод. Се наоѓаме во период кога речиси се е против нас. Мора да ја свртиме ситуацијата околу себе. Факт е и дека во последните три натпревари игравме против многу силни противници“, изјави Тен Хаг пс продолжи.
„За пофалба е што Онана ја презеде вината за поразот, но поважно е да останеме заедно како тим. Секогаш ќе има грешки. Ако некој згреши, другите мора да му помогнат и тимот да не падне во криза. Денеска покажавме дека не се откажуваме и веруваме во себе“, продолжи Холанѓанецот па поентираше.
„Секој натпревар е важен. Никој нема да ни помогне ако не го направиме тоа сами. Се е во наши раце. Мора да научиме да ја одржуваме концентрацијата и да не дозволуваме противниците да ни даваат голови по наши грешки. Проблемот не е во лошата интервенција на Онана, туку во тоа што противничкиот играч доби голем простор за шут“, потенцира Тен Хаг.