Нашиот следен противник во квалификациите за Европскиот шампионат, репрезентацијата на Украина е казнета од страна на УЕФА поради однесувањето на навивачите за време на квалификацискиот натпревар против Англија во полскиот град Вроцлав на 9 септември.
Украинците извикувале расистички пароли, и истакнувале знамиња со симболи на крајната десница по што УЕФА мораше да реагира.
Украинската федерација е казнета со 20.000 евра, а на следниот дуел кој е патем против Македонија во Прага на 14 октомври, нема да смее да се наполнат трибините, туку ќе може да има лимитиран број на навивачи.