Емил Рајковиќ и ЦСКА Москва не успеаја да ја минат четвртфиналната препрека наречена Локомотив Кубањ и испаднаа од трката по трофејот во Суперкупот на ВТБ лигата. Мечот одигран во ВТБ арената во Москва беше неизвесен и се реши во продолжението.
Првата четвртина и припадна на ЦСКА, но во следните две доминираше Локомотив. На крајот резултатот беше 86-86. Во продолжението Локомотив славеше со 14:12 и со конечни 100:98 се пласира во полуфиналето.
Фенербахче се пласира во полуфиналето по победата над МБА. Фенербахче и Бешикташ се гости на завршниот турнир од Суперкупот. УНИКС-Нижни Новгород и Бешикташ-Зенит играат утре.