Челзи доби нова „инјекција“ од 500 милиони долари, но нема да ги трошат за засилувања

263

Челзи инкасираше сума од 500 милиони долари како свежа инвестиција од американската фирма Арес Менаџмент, но парите во никој случај нема да се искористат за трансфери.

„Сините“ веќе потрошија околу 1 милијарда фунти откако Тод Боли и „Клирлејк Капитал“ го презедоа клубот од Премиер лигата во 2022 година. Следно, Боли се чини дека го насочува своето внимание кон инфраструктурата на клубот и приливот на приходи, со дополнителни средства кои сега се достапни за финансирање на подобрувања на стадионот „Стемфорд Бриџ“.

Челзи треба да донесе голема одлука дали да го обнови и прошири својот стадион во западен Лондон или да изгради нов стадион.

Според Фајненшл тајмс, собраните пари ќе му помогнат на Челзи да изгради удели во повеќе фудбалски клубови. Компанијата „Клирлејк“ се договори за купување на францускиот тим Стразбур, а има интерес за инвестиции и во Атлетико Мадрид и Лион.

ПретходноЛилард одби да биде трејдуван во Голден Стејт
СледноЛЕ: Ливерпул почнува како прв фаворит, Ајакс и Олимпик (М) во дуел на екс-шампионите