Шампионот Магдебург со втор пораз – вечерва убедливо совладан од Барселона

96

Бранителот на титулата во ракометната Лига на шампиони, екипата на Магдебург го запиша вториот пораз во новата сезона во елитното натпреварување. Германците по поразот од Веспрем во првото коло на домашен терен, вечерва загубија на гостувањето кај Барселона со 32:20. По првото полувреме „Каталонците“ имаа предност од 14:8, а предноста ја „набилдаа“ во вториот дел за убедлив триумф, втор во новата сезона.
Во победничкиот тим најефикасен беше Мем со седум гола, Гомез постигна шест. Ка Магдебург, Вебер реализираше три, а седуммина завршија со по два гола.
Веспрем ја забележа втората победа, а вечерва на домашен терен славеше со 33-31.

ПретходноГо навреди Галатасарај, па сега добива смртни закани
СледноЛК: Динамо без Македонците убедлив против Астана