Инзаги: Бевме многу уморни по дербито

85

Екипата на Интер синоќа и покрај фаворитската улога синоќа на гостувањето кај Реал Сосиедад едвај се спаси од пораз. Губеше со 1:0 до 87.минута кога Лаутаро Мартинез на асистенција на Фратези погоди за израмнување и освоен бод.

„Очекував натпреварот да биде тежок, и беше. Против себе имавме силен противник. Моравме да работиме напорно за да избегнеме пораз. Израмнивме, па дури и сакавме да победиме. Тоа беше само прв натпревар во групата. Уште по ждрепката реков дека Реал Сосиедад е квалитетен тим“, изјави Инзаги. 

„Многу од играчите беа уморни по дербито и затоа се решив за промени во составот. Пред паузата имавме сериозни проблеми. Јан Сомер ни помогна да се спасиме. Игравме добро во последните 20 минути. Имаме широк состав и избор на играчи и добро е да го искористиме максимално“, потенцира тренерот на „сино-црните“. 

„Ми требаат сите играчи. Некои од нив не се во оптимална форма по натпреварите на репрезентациите, но тоа е нормално“, додаде Инзаги.

ПретходноСудии за ПМФЛ: Стојанов “главен“ на Вардар – Гостивар, Младеновски ќе суди во Кавадарци!
СледноУЕФА ја казни Украина, против Македонија во Прага ќе игра пред полу-празни трибини