Во Лига Европа од терминот од 18:45 часот се одиграа осум натпревари. Во Австрија играа ЛАСК и Ливерпул. Австријците поведоа со убав гол на Флекер во 14.минута. Сепак, во второто полувреме „црвените“ свртеја. Прво Дарвин Нуњез од пенал изедначи, а во 63 минута Луис Диаз зголеми на 2:1 и конечниот резултат го постави Салах во 88 минута.
Во Атина Панатинаикос го победи Виљареал, освојувачот на ЛЕ од 2021 година. Фотис Јоанидис во првото и Андраж Шпорар во второто полувреме беа стрелци на головите.
РЕЗУЛТАТИ
БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – ХАКЕН 4:0
ЛАСК – ЛИВЕРПУЛ 1:3
ПАНАТИНАИКОС – ВИЉАРЕАЛ 2:0
КАРАБАХ – МОЛДЕ 1:0
РЕН – МАКАБИ ХАИФА 3:0
СЕРВЕТ – СПАРТА ПРАГА 0:2
РОЈАЛ УНИОН – ТУЛУЗ 1:1
ШЕРИФ – РОМА 1:2