Познати се сите 16 екипи кои се најдоа во 1/8 финалето во Купот кое се игра на 25 октомври!

953

Вчера се одиграа сите 12 натпревари од 1/16 финалето во Купот на Македонија, па така познати се сите 16 клубови кои се најдоа во 1/8 финалето. Ждрепката ќе се одржи најверојатно следната недела, а натпреварите се играат на 25 октомври.

Ова се 16 екипи кои се најдоа во следната фаза во Купот:

Македонија ЃП, Струга ТЛ, Шкендија, Силекс, Јанг Тим, Брегалница, Башкими, Тиквеш, Брера, Воска, Охрид, Гостивар, Шкупи, Вардар, Работнички, Пелистер.

Од ова коло ждрепката нема да биде диригирана, може да се падне секој со секого. Секако дека ќе има и дерби дуели, но факт е дека фаворитите, односно прволигашите за ривали во 1/8 финалето ги посакуваат Јанг Тим, Охрид и Башкими кои важат за аутсајдери во оваа фаза во најмасовното фудбалско натпреварување во Македонија.

ПретходноМехо Кодро не е веќе селектор на БиХ!
СледноКК Пелистер се засили со Ренди Брамант!