Судии за ВМФЛ: Стојчевски ќе го суди дербито Беса – Кожув

496

Познати се судиите за 6.коло во ВМФЛ, инаку сите осум натпревари се играат в сабота со почеток од 15 часот. Дербито се игра во Врапчиште, а се среќаваат Беса и Кожув. Дека Судиската организација при ФФМ ништо не препушта на случајот говори податокот дека на ова дерби главен судија ќе биде Игор Стојчевски од Скопје, еден од нашите најдобри судии. Екстра значаен меч за двете екипи, па затоа и Стојчевски да доби довербата да ја дели правдата.

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 6.КОЛО – САБОТА (15 Ч)

Охрид – Скопје: Бардхиљ Ибраими (Тетово)

Арсими – Вардар (Н): Александар Грујоски (Кичево)

Пелистер – Караорман: Александар Василевски (Скопје)

Беса – Кожув: Игор Стојчевски (Скопје)

Тетекс – Детонит: Доне Ристовски (Гевгелија)

Башкими – Саса: Миле Лазов (Неготино)

Победа – Новаци: Бењамин Ќерими (Скопје)

Осогово – Беласица: Дени Лековски (Битола)

ПретходноПознати се распоредот и сатниците за квалификациите на ФИБА Европа купот во кој играат и Работнички и Феникс 2010!
СледноМехо Кодро не е веќе селектор на БиХ!