Аргентинецот откри нови детали: ПСЖ со срамно однесување кон Меси по Мундијалот!

232

Лионел Меси го напушти ПСЖ и одлучи својата кариера да ја продолжи во МЛС-лигата, поточно во тимот на Дејвид Бекам, Мајами Интер. Аргентинецот добро ја почна својата нова авантура, но за жал се повреди, не е прецизирано колку време ќе паузира.

Меси постојано е во центарот на вниманието, овој пат тој ја раздрма светската јавност со детали од минатата година кога беше член на францускиот гигант. Тој со својата Аргентина го освои Светското првенство, а кога се врати во тимот никој од раководството не му оддал посебно признание за златниот медал на еден од најдобрите фудбалери на денешницата. Токму ова било пресудно за да си замине од Париз.

„Немав план да си одам од ПСЖ, но тоа се случи. Секогаш велам дека работите се случуваат со причина. И сега стојан на истото, колку и да не ми беше добро, јас од тој тим станав првак на светот. Ние станавме шампиони на светот, а тие, државата од каде што беше клубот – не. И тоа беше наша „вина“. Затоа јас бев единствениот од сите аргентински фудбалери кои станаа светски шампиони кој не доби признание од својот клуб“, откри Меси.

Меси за ПСЖ одигра 75 меча и постигна 32 гола и запиша 35 асистенции.

ПретходноЦибона отиде под стечај, дали се менуваат работите за МЗТ Скопје?
СледноЈ.С. од Скопје освои СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ вреден