Уште на почетокот на својот престој во С. Арабија, во тимот на Ал Хилал, Нејмар покажа дека тоа ќе му биде само една убава занимација, за која ќе добива 200 милиони евра годишно.
Имено вчера само поради него неговиот тим не победи. Ал Хилал водеше со 1:0, а во 68.минута тимот на Дамак доби слободен удар. Станчио убаво пшутираше, но Нејмар се сокри од топката, иако беше во живиот ѕид, и потоа таа топка се најде во мрежата на Јасин Боно. Мароканскиот голман им беше лут на Нејмар и Рубен Невеш зошто таа топка мина крај нив двајца, но бадијала.
По овој потег на Нејмар гневни се фановите на Ал Хилал како и сите фудбалски фанатици во С. Арабија.
За 200 милиони евра барем можеше да остане на своето место во живиот ѕид.
Neymar, Sergej, Mitrović, Malcom ? ❌
🇷🇴 NICOLAE STANCIU vole la vedette à tout le monde avec ce coup franc longue distance 🚀
+30 mètres pour le capitaine de la sélection ! Damac 1-1 Al Hilal.pic.twitter.com/McAPeZW1wt
— Foot Roumain 🇷🇴 (@FootRoumain) September 21, 2023