Добра вест за фановите: Влезот за Супер-купот ќе биде слободен

166

Утре во СРЦ „Кале“ ќе се одржи Супер-купот на Македонија кој го носи името на легендарниот Драган Василов-Цевка.

Први на теренот ќе истрчаат дамите, во битката за овој трофеј ќе се соочат Баскет Кам и МЗТ Скопје (17 часот), додека два и пол часа подоцна во машка конкуренција ќе се сретнат МЗТ Скопје и Феникс.

Од КФСМ, кој е организатор на ова натпреварување известија дека влезот во салата за двата меча ќе биде бесплатен.

„Македонската кошаркарска федерација уште еднаш ќе им излезе в пресрет на сите љубители на кошаркарскиот спорт.

За натпреварите од новото издание на Суперкупот „Драган Василов-Цевка“ во кои ќе се сретнат најдобрите екипи од минатата натпреварувачка сезона,  а ќе се играат на 23. септември (сабота) во Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје, влезот ќе биде СЛОБОДЕН.

Како и во изминатите две години, предвидено е да се играат натпревари во женска и во машка конкуренција.

Во првиот натпревар, од 17.часот, ќе се сретнат актуелниот шампион, екипата на Баскет Кам 2011 и освојувачот на Купот, екипата на МЗТ Скопје Аеродром.

Натпреварот во машка конкуренција, во кој ќе играат државниот првак, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, и финалистот во националниот Куп, екипата на Феникс 2010, ќе стартува од 19.30 часот“, се вели во информацијата на КФСМ. 

Двата натпревари ќе бидат директно пренесувани на МРТ 3.

ПретходноЈ.С. од Скопје освои СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ вреден
СледноШаховското дерби на Алкалоид и САД со многу заплети до нерешен резултат