Осијек – Вараждин 1:1 во меч од 9.коло во елитната лига на Хрватска. За нас интересно зошто играа тројца наши репрезентативци, а Агон Елези беше стрелец на убав гол уште во 14.минута за водство на гостите. Тој постигна во првото полувреме уште еден гол, но истиот му беше поништен поради реакцијата на ВАР. Инаку Елези во 56.минута беше заменет. Во тимот на Вараждин стартер беше и Димитар Митровски, а во тимот на Осијек во одбраната беше Јован Манев кој во 78.минута заработи жолт картон.