Инвеститор од Блискиот Исток сериозно заинтересиран за Интер

188

 

Американската инвестициска банка Reign, која неодамна активно се вклучи во некои од најголемите зделки во светот на фудбалот, пронајде инвестициски фонд од Блискиот Исток кој сака да го купи Интер од семејството Жанг, објавија италијанските медиуми. „Кориере дело спорт“ тврди дека засега неименуваниот фонд е подготвен да ги прифати условите поставени од актуелните сопственици, кои бараат над една милијарда евра за клубот.

Семејството Жанг се уште му должи на Oaktree 275 милиони евра, кои мора да ги врати до 20 мај следната година. Ќе порасне на речиси 400 милиони ако се земе предвид каматната стапка од 12%. Кинезите имаат можност да ги рефинансираат своите долгови, но со двојна камата, додава изданието.

Преговорите меѓу потенцијалните купувачи од Блискиот Исток и Reign напредуваат добро и двете страни се уверени дека договорот може да биде завршен до крајот на годината. Се очекува наскоро да биде дадена и официјална понуда што ќе овозможи процесот да продолжи.

Кинеските сопственици сè уште можат да одлучат да го задржат клубот и да застанат само на прием на малцински инвеститор, што ќе им овозможи да останат во клубот со надеж дека ситуацијата ќе се промени во наредните години со очекуваните посериозни приходи од новиот формат во Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.

 

 

 

 

ПретходноПоранешен македонски селектор на клупата на АЕК
СледноОФИЦИЈАЛНО: Чави го продолжи договорот со Барселона