Новак Ѓоковиќ денеска е најсупешниот играч во историјата на тенисот со низа рекорди меѓу кои и 24 освоени Грен слем титули. Неодамна го освои УС Опен и повторно се отвори прашањето околку тоа кој е најдобар тенисер во светот.
Роџер Федерер и Рафаел Надла се двата кандидати кои најчесто се споменуваат заедно со Ѓоковиќ. Во одреден период како дел од една четворка се споменуваше и Енди Мареј, кој даде голем аргумент зошто за Ноле се зборува дека е најдобар.
„Она што Ноле го постигна на УС Опен и во текот на целата година е неверојатно, некој да го прави тоа на 36 години навистина е импресивно. Мотивацијата и желбата кои ги носи со себе се исто така неверојатни. Роџе и Рафа имаа разлилни кариера, но никој во оваа фаза на својата кариера не играше како Новак“, порача Мареј.