Во пресрет на неделниот меч со Силекс, во рамките на 8.коло во ПМФЛ, капитенот на Брера Струмица Марио Врдољак, инаку интернационалец од Хрватска, имаше свој коментар за тоа што може да се очекува од овој дуел, но и за тоа која екипа го игра најдобриот фудбал во Македонија.
„Мора да се вратиме на победите. Ја повикувам публиката да дојде на стадионот, да биде со нас а потоа заедно да славиме нова победа. Можеби сум јас субјективен, но сметам дека Брера го игра најдобриот фудбал во Македонија“ рече покрај другото капитенот на струмичани.