Монако загуби во дербито, Балоган промаши два пенали

112

Монако запиша пораз во 6.коло од француската Лига 1. „Кнезовите“ загубија од локалниот Ница со 0:1 на домашен терен во чуден развој на настаните. Во 11 минута и во 55 минута имаа пенали, но и двата ги промаши Флораин Балоган. А потоа во 91 минута Бога ја затресе мрежата и ги обезбеди трите бодови за Ница.

Почнувајќи од сезоната 2006-07, Балоган е само вториот фудбалер кој промашил два пенали на еден меч по Тофилу Маолида со Оксер против Бордо во август 2007 година.

Монако го доживеа првиот пораз сезонава, а Ница скокна на чело на табелата (во некомплетно коло) со 12 бодови.

 

ПретходноЛече првпат е без пораз по првите пет меча во Серија А
СледноИњаки e креатор на победата на Атлетик над Алавес