Нашите фудбалерки на мегдан против Бугарија!

141

Најдобрата женска фудбалска репрезентација на Македонија денеска го стартува циклусот во рамките на на групата 5 од Лигата на нации. На првиот меч кој е закажан во 15 часот на тренинг центарот „Филип Милошевски“ избраничките на селекторот, Кирил Изов ќе се сретнат против Бугарија.

Станува збор за противник со ког немаме официјален натпревар, но имаме две контроли.

Двете селекции одиграа пријателска средба во февруари оваа година, а како победник излезе Бугарија, славеше со 2-1. Македонија има победа против оваа репрезентација, но многу одамна, славеше во 2011 година на контролна средба со 2-3.

Покрај, Бугарија, нашата најдобра селекција во рамките на групата 5 од Лига на Нации ќе игра и против Косово.

ПОШИРОК СПИСОК МАКЕДОНИЈА

Голмани: Викторија Панчурова (Тиверија), Берна Кабакчи (Карсон У, Америка), Магдалена Лекоска (Љуботен);

Одбрана: Ана Милчевска (Самгрело, Грузија), Сара Коларовска (Скопје 2014), Кристина Мојсоска (Асс Јунајтед), Едина Сулејмани (Асс Јунајтед), Бојана Петкова (Љуботен), Павлинка Николовска (Љуботен),  Катерина Милеска (Цевитана), Сара Ефтинџиоска (Цевитана);

Среден ред: Наташа Андонова (Леванте, Шпанија), Ленче Андреевска (Каменица Саса), Александра Марковска (Љуботен), Елма Шемсовиќ (Скопје), Радица Велкова (Тиверија), Хава Мустафа (Шкендија), Оливера Цоклеска (Асс Јунајтед);

Напад: Гентијана Рочи (Купс, Финска), Афродита Салихи (Скопје 2014), Рабија Дервиши (Скопје 2014), Јилза Максути (Асс Јунајтед), Александра Јовановска (Истатов);

М. Ковачева

ПретходноГрадоначалникот на Њујорк доби дрес од МЗТ Скопје (ФОТО)
СледноМитревски и Кизиќ ги имаат најдобрите одбрани за второто коло во ЛШ (ВИДЕО)