Одегард потпиша нов петгодишен договор со Арсенал (ВИДЕО)

172
ST ALBANS, ENGLAND - SEPTEMBER 01: of Arsenal during the Arsenal Training Ground at London Colney on September 01, 2023 in St Albans, England. (Photo by David Price/Arsenal FC via Getty Images)

Мартин Одегард уште долго ќе биде дел од тимот на Арсенал. Во моментов капитенот на „Топџиите“ конечно го покажа и докажа својот неспомнен потенцијал и талент, и со своите игри стана еден од најдобрите играчи во Премиер лигата. Како таков сосема нормално што потпиша нов потгодишен договор со клубот, и уште долго ќе биде жител на Лондон.

Одегард пристигна во Арсенал во 2021 година како позајмен фудбалер од Реал, а откако одигра одлично менаџерот Артета се одлучи да го купи за 30 милиони фунти. Не погреши затоа што Одегард се разви во вистински лидер на тимот и еден од столбовите на екипата која е легитимен претендент за титулата во Англија.

 

ПретходноИџе на прием во АМС по повод третата Европска титула
СледноШтимац го однесе своето дете кај Симаниќ: Сине, вака се бори вистински херој за Србија!