Конечно добра вест за тренерот на Шкендија, Ардијан Нухиу поврзана со Аденис Шаља, со еден од најдобрите фудбалери на тетовскиот клуб.Имено по пауза од месец и половина,Нухиу конечно ќе сметана напаѓачот кој беше повреден, и ќе биде во комбинација за неделниот меч со Македонија ЃП , меч кој се игра во недела во рамките на 8.коло во ПМФЛ.
Шаља веќе одработи неколку тренинзи и се очекува да добие шасна токму против “лавовите“. Само прашање е дали ќе биде во стартниот состав или подоцна, во текот на средбата, ќе влезе во игра од клупата.