Е.Пелистер со победа против младиот тим на Мулти Есенс! (ФОТО)

124

Во заостанатиот меч од 2.коло во групата – Б во машката Суперлига, вечерва во Битола тимот на Е. Пелистер успеа да го победи младиот и полетен тим на Мулти Есенс со 40:22.

Се разбира дека шампионот беше фаворит пред средбата, а тааулога ја оправда. Ако веќе не му оди во ЛШ каде што Е. Пелистер реди порази, тогаш на домашна сцена ова му беше прва победа и тоа во вториот меч.

Уште на почетокот се дека каде ќе оди овој натпревар. Битолчани уште во првите минути резултатски се “одлепија“, а на полуреме се замина со 20:11. И тогаш беше решен победникот на овој дуел.

Во второто полувреме Е.Пелистер го искажа својата надмоќ против дебитантот во нашата елитна лига и на крајот убедливо го доби овој натпревар.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноДобра вест за тренерот Нухиу: Шкендија посилна за Шаља, кој се врати во тимот по повредата!
СледноЕлези стрелец на убав гол во “македонското дерби“ во Хрватска! (ВИДЕО)