Екипата на Лече продолжува со добрите игри на стартот на италијанскиот фудбалски шампионат. Вечерва на домашен терен во 5.коло ја совлада Џенова со 1:0 со гол на Один во 83 минута. Со тоа Лече првпат во клупската историја нема пораз по првите пет натпреаври во Серија А.
Ефектот на „црвено-жолтите“ е три победи и две ремија. Џенова го впиша третиот пораз и е на 14. место во непотполно петто коло.
Пред овој меч, Салернитана и Фросиноне одиграа 1:1. Фросиноне влезе во серија од четири меча без пораз (две победи и две ремија).