Марија Шарапова се враќа на тенисот?

147

Некогаш најдобрата тенисерка на светот Марија Шарапова има намера да ја прекине пензијата и да се врати на мечевите.

Русинката ја прекина кариерата пред повеќе од три години, во меѓувреме стана мајка, а сега повторно почна да тренира.

„Се враќам на редовните тренинзи. Повторно вежбам, бидејќи здравото тело има здрав ум“, напиша Шарапова на социјалните мрежи.

Шарапова има 36 години, еден месец постара од Новак Ѓоковиќ. Нејзината најголема ривалка Серена Вилијамс имаше толку години кога се врати на теренот по породувањето.

ПретходноАјакс и Марсеј одиграа супер меч со шест гола, ТСЦ за малку ќе го изненадеше Вест Хем
СледноНа Клоп му го покажаа голот на Белингем, погледнете ја неговата реакција (ВИДЕО)