Митревски и Кизиќ ги имаат најдобрите одбрани за второто коло во ЛШ (ВИДЕО)

74

Македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски и оваа сезона е во одлична форма. Ова го потврди на мечот меѓу Целје и неговиот Порто. Португалскиот тим имаше негатива од девет гола во второто полувреме, магично се врати и дојде до победа.

Во кам-бекот на Порто своја главна улога имаше токму Митревски, а сосема очекувано ЕХФ ТВ една од неговите одбрани ја смести на петото место во Топ 5 листата на најдобрите одбрани за второто коло во ЛШ.

И тука не застануваат убавите вести. На третото место на оваа Топ листа се најде Марко Кизиќ. Неговиот Пелистер беше убедливо поразен кај Алборг и покрај неговата магија на голот. 

ПретходноНашите фудбалерки на мегдан против Бугарија!
СледноОфицијално: Нагелсман е нов селектор на Германија