Мурињо со нови замерки за своите фудбалери

193

Тренерот на Рома – Жозе Мурињо ја прокоментира победата на својот тим на гостувањето кај Шериф (1-2) на отварањето на новата сезоната во Европската лига.

Португалскиот стручњак го следеше натпреварот од трибините поради суспензијата по финалето против Севилја во мај оваа година. „Специјалниот“ нема да биде на клупата на уште три натпревари од групната фаза на вториот по големина турнир на УЕФА.

По мечот го искоментира дуелот, повторно имаше замерки за неговите момци.

„Не ми се допадна првото полувреме, бевме премногу бавни и не агресивни. Не одигравме како што се подготвувавме и не ја контролиравме играта. Првиот гол го постигнавме  на среќа и потоа не направивме ништо за да го заслужиме водството. Сè уште ни недостигаше агресија, но ја контролиравме играта. Во вториот дел ми се допадна реакцијата на тимот против Шериф кој израмни, постигна гол. Да, мечот го завршивме без агресија, но и без ризик. Заслуживме да победиме и тоа беше најважно“, изјави Мурињо.

ПретходноНа Клоп му го покажаа голот на Белингем, погледнете ја неговата реакција (ВИДЕО)
СледноМареј: Ниту Надал, ниту Федерер го немаат тоа што го има Ѓоковиќ