На Клоп му го покажаа голот на Белингем, погледнете ја неговата реакција (ВИДЕО)

231

Во изминативе два дена се одиграа натпреварите од 1.коло од групната фаза во Лигата на шампионите, а еден од поинтересните беше оној меѓу Реал Мадрид и Унион Берлин.

Гостите одиграа храбро и имаа бод до последните секунди од натпреварот, а потоа Белингем погоди за победа на Реал Мадрид. Сите знаат дека овој фудбалер беше голема желба на Ливерпул, поточно нивниот тренер Јирген Клоп.

Сепак, Англичанецот го избра Реал Мадрид и со тоа ги разочара и Клоп и навивачите на овој клуб.

Новинарите на вчерашната прес-конференција му го дадоа мобилниот за да го погледне голот. Неговата реакција брзо се прошири на социјалните мрежи.

 

ПретходноМарија Шарапова се враќа на тенисот?
СледноМурињо со нови замерки за своите фудбалери