Тоа е кога предвреме ќе се израдуваш на победа на тимот од својата земја, кога немаш респект кон проивникиот тим, па макар тоа да биде и еден балкански, од БиХ, со име Зрински.
Вчера славниот Дик Адвокат, некогашниот селектор на Србија, беше во улога на стручен консултант на една ТВ куќа. И холандскиот сратег при водство на тимот од неговата земја од 0:3 на гостувањето кај Зрински во меч од Лигата на Конференции во групата – Е, буквално кажа:
„Несфатливо е како тоа УЕФА им дозволува на вакви екипи како Зрински да играат во Европа“.
Потоа следуваше епски пресврт и тој Зрински победи со 4:3.
Што ли на ова ќе каже препотентниот Холанѓанец?